Промотер

Јордан Митев со песна и оро посака – „Да се живи здрави младоженците” (ВИДЕО)

Јордан Митев со песна и оро посака – „Да се живи здрави младоженците” (ВИДЕО)

Фолк пејачот Јордан Митев го промовира спотот за песната „Да се живи здрави младоженеците”, песна која ја сними и промовораше во 2019 година.

„Планот да снимам и промовирам видеозапис за оваа песна беше пролонгиран поради турнеи, гостувања, потоа почна пандемија. Поради овие, но и други причини морав да паузирам со работата. Сега некако дојде вистинското време, се наместија коцките за конечно да го снимам видео и за оваа песна на која што сум и овој пат комплетен автор“ – вели Јордан Митев.

Во спотот учествуваат играорци од ансамблот за фолклор „Гоце Делчев” од Битола со нивниот кореограф Бранко Жежовски-Жежо кој е еден од најнаградуваните кореографи во Македонија и надвор од Македонија со неговиот ансамбл.

„Исто така во проектот се вклучени и дел од музичарите кои што ме придружуваат на моите настапи.

Ние македонците сме народ со сопствена традиција, култура, фолклор, и сметам дека обврска, но и чест на секој македонски артист е тоа да го негува, претставува и надградува на најдобар можен начин“ –  додава Митев.


И овој пат видеото го работеше долгогодишниот соработник на Митев, Зати од Охрид со кој има снимено доста проекти.