Промотер

Јоце Панов во кафеанско – тамбурашки елемент под светлата на – „Мојот град“ (ВИДЕО)

Јоце Панов во кафеанско – тамбурашки елемент под светлата на – „Мојот град“ (ВИДЕО)

Одбележувањето на новогодишните и постновогодишните празници дополнително го надополни  новата песна на Јоце Панов насловена „Мојот град“, која има и српска верзија под името: „Светла мог града“. Ова е вистинска мелем увертира за самиот почеток на Новата 2021 година, во која се поставуваат големи надежи и големи желби за посреќна и поубава иднина на целото човештво, а се чини дека Јоце тоа го пренел на најживописен начин преку песната и видеото. кои за момен ќе ве телепортираат во боемската оаза – меаната, каде што радоста на постоењето се одвива на најживописен начин, а тоа е песната, друштвото, копнежот и љубовта. Таму луѓето пеат, се радуваат, понекогаш тагуваат, наздравуваат и конечно плачат.

Режисерот Дарио Јанковиќ многу успешно ја пресликал таверната и сиот мерак и севда што ги носи со себе, а ликовите што Јоце Панов ги поставил во своето видео дополнително ја збогатуваат песната и и даваат боемски шарм. Интересно е што оваа хит-песна е напишана од Емир Мекиќ, кој е братучед на некогаш популарниот пејач и текстописец, Елвир Мекиќ, така што оригиналот е напишан всушност за српската верзија, а потоа  Јоце Панов се погрижил да го преработи текстот на Македонски јазик. Песната аранжмански ја обликувал познатиот хармоникаш Мишел Трајковски.

Песната ги милува сетилата,  ги отвора жилите на душата и  предизвикува наплив на емоции. Нејзиниот мелоритмички набој ве освојува при првото слушање, а двојазичните верзии докажуваат дека добрата песна нема јазична бариера.

„Оваа песна ја имам повеќе од 4 години и цело време размислував кога да ја издадам, на кој начин, со каков аранжман, во кој жанр. На крајот, решив да биде ваква, во боемски стил на тамбура, и мислам дека го направив вистинскиот избор за оваа песна. Песната во оригинал на српски јазик ми ја даде Емир Мекиќ, а јас го напишав македонскиот текст. Аранжманот го направивме јас и маестро Мишел Трајковски, а ја снимавме во студиото „Анастасија“ со Љупчо Павловски.  Дарио Јанковиќ прави ремек-дело од самото место. Инаку, јас секогаш снимам на два јазика, речиси сите мои песни се во две верзии на македонски и српски јазик, бидејќи мојата издавачка куќа во Србија е „Сити рекордс“ и тие ги издаваат моите песни и албуми веќе 10 години. Спотот го снимивме во скопската гостилница „Мерак“, бидејќи според мене го има најдобриот амбиент што ни беше потребен.

Снимајќи  во пандемија, снимавме според протоколите на СЗО и затоа имавме само 4 маси со две, три или четири лица на нив. Сите во видеото се мои лични пријатели, мнешу кои има и познати ТВ лица како водителката Ирена Спировска  и ние намерно ја избравме секоја маса да има своја приказна, да фатиме момент на елеганција и софистицираност, како што е улогата на главната девојка со ракавици, капа и елегантен стил. Потоа добивме чувство на љубов, од двојка кој тој ужива во звуците на тамбурата со вино, а ние го доловивме и тој боемски тавернски момент со другите маси и друштва.

Многу ми е драго што прифатија да бидат дел од ова видео, бидејќи сите овие луѓе се познати и видливи во своите професии, како и во скопскиот боемски живот. Мислам дека имаме прекрасна песна, со многу искрена љубов и емоции, која и ја подарувам на публиката за убав почеток на оваа година” – раскажа Јоце панов во изјавата за Свет – Австралија.

To top