„Ова ми се најтажните, најтешки празници досега“, вели Јоце Панов , кој за Бадник и Божиќ ја промовираше својата најнова песна, „Кога те нема“, посветена на неговата покојна мајка Василка, која почина минатата година, па пејачот го дочека за прв пат Божиќ без неа.

Песната „Кога те нема“ решил да ја промовира токму сега, зашто сакал да го задржи споменот на мајка си, а тоа што го чувствува за неа, и емоциите што ги имал додека ја пишувал да ги подели со публиката.
„Секогаш моите нови песни ги објавувам со големо задоволство, ама оваа песна ја објавувам со голема тага, но во исто време и гордост за мојата најмила мајка. Сите ние во текот на животот губиме некого кој многу ни значи. Се надевам дека песнава ќе допре до сите вас“, вели Панов.

Песната е работена со: Блаже Темелков (музикаи текст заедно со Јоце ), Дарко Тасев ( аранжман) и сите гитарски делници, Сара Пројковска ( придружни вокали), Дарио Јанковиќ (видео) – „Генерал филм“ видеопродукција и Љупчо Павловски (микс и мастеринг) во музичкото студио „Анастасија“.
„Им благодарам што имаа огромно срце и ми ја подарија оваа песна и нивниот труд како дар. Ви благодарам добри луѓе“, рече Јоце, канејќи Ве да го погледнете видеото и преслушате песната.