Хрватската поп кралица Јелена Розга покрај бројните настапи заедно со својата придружна група беше гостин во живо на популарната хрватска радиостаница Народни радио.

Во специјализираната LivingRoom Acoustic програма, таа изведе неколку свои нумери, но и темата „Моја љубав“ од нејзината колешка Нина Бадриќ .

Сегменти од песната во изведба на Розга и нејзиниот бенд, во сосема изменет аранжман можете да проследите во продолжение.