Промотер

Јелена Розга го остави срцето во новата балада „Мојата пролет“ (ВИДЕО)

Јелена Розга го остави срцето во новата балада „Мојата пролет“ (ВИДЕО)

Регионалната поп дива, хрватскат пејачка Јелена Розга денес, вторник, 29-ти јануари 2019,  премиерно ја претстави песната и видеото за нејзината најнова балада насловена „Мојата пролет“ (Moje proljece), со која ќе се претстави и на вечерашното прво доделување на регионалните музички МАЦ награди во Белград.

Розга за прв пат соработува со сосема нова екипа, во која покрај Популарната Емина јаховиќ, која ги потпишува музиката и стиховите на песната, се појавуваат и нашиот Дарко Димитров кој го работеше аранжманот и мастерингот на песната, додека придружните вокали во неа ги пее нашата Антонија Гиговска.

„Овој пат не ви донесов песна… ви го носам моето срце, емоции, живот. Годините низ кои сетпо тоа она што го чувствував, спакувани во неколку минути. Ова не е моја песна, јас сум нејзина. И тоа за прв пат. пуштете ја утре силно, гласно. дали ќе почувствувате исто што и јас?“ – со овие зборови хрватската поп дива им се обрати на своите обожаватели, очигледно видно возбудена пред премиерата на оваа ретко трогателна балада.

Дека емоциите навистина ја погодиле, кинејќи и ја душата, Розга покажува и во самото видео, каде отворено ги покажува сите свои чувства, споделувајќи ги со своите фанови.

За едноставниот, но мошне ефектен видеоспот и овој пат се погрижил нејзиниот стар соработник со својата екипа, режисерот Дарио Радушин.

Како звучи „Нејзината пролет“ и како изгледа Розга во снежнобелата визуелизација, премиерно проследете во продолжение:

 

 

 

To top