Штом стигнал од Кина, Душко Тошиќ се погрижил за вечното почивалиште на неговата баба, Дивна Карлеуша. Тој одлучил таа да биде погребана до неговиот голем пријател, фудбалерот Горан Буњешчевиќ на Новите бежаниски гробишта, за што морал да одвои околу 20.000 евра – ја потврдил веста за српските медиуми еден добро информиран извор близок до фудбалерот.
Луѓето кои се грижат за безбедноста на Карлеуша пак, сугерирале обезбедувањето да биде поставено на сите влезови во гробиштата за медиумите да немаат пристап до погребот на Дивна. Јелена првично се согласила со идејата, но потоа одлучила заради нејзините фанови и сите луѓе со добра волја, како и колегите новинари на мајка и, дека не сака никому да му го забрани влезот на погребот.
„Бидете сигурни дека сите медиуми ќе можат да присуствуваат на комеморацијата, а со тоа логично дека ќе испратат и веста за вечното почивалиште на нивната колешка Дивна“ – рекол еден извор од обезбедувањето.
Комеморацијата за Дивна Карлеуша ќе се одржи во 11 часот во зградата на Радио Белград, а погребот е закажан во 15.30 на Новите бежаниски гробишта.