По пет години, Јелена Карлеуша повторно ќе се појавува во емисии на Пинк телевизија. Како што пишуваат српските медиумите, Јелена Карлеуша и Жељко Митровиќ ги закопале „воените секири“ и договориле гостувања на Јеца на розовата телевизија.
„Јелена и Жељко разговараа два часа. Таа му кажа се што има, додека тој и ги кажа причините зошто ја забранил на неговата телевизија. Двајцата се свесни дека се потребни еден на друг. Јелена е шоумен и влијае на гледаноста, додека за нејзината кариера е важно да се појавува во најгледаните телевизии во оваа држава, вели добро известен извор и додава:
„Си подадоа рака и се договорија за соработка. Јелена и понатаму ќе биде дел од „Ѕвездите на Гранд“, но ќе се појавува и во најгледаните емисии на Пинк“, вели изворот.
Дека Јеца се смирила со сопствениците на Пинк потврдува и фактот што пред некој ден во реалното шоу „Задруга“ ја пуштија песната „Ко ти то баје“.
За потсетување, проблемот меѓу Карлеуша и Митровиќ настана кога пејачката изјави дека Пинк и Гранд своите пејачи ги третира како стоки. Тогаш уредниците на Пинк одлучија да не ја пуштаат Карлеуша, а оваа ситуација ја искористи Гранд и ја ангажираше како член на жириото на „Ѕвездите на Гранд“.