Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и Мартин Ајдаревиќ кој се претстави со песна од Тоше Проески.
Тој упеа да ја разнежи Карлеуша со песната „Мени хвала ни једном“ (Немаш ни благодарам).
Пејачката се потсети на денот кога Проески ја снимил оваа песна, а тој детаљ го сподели со публиката и присутните во студиото.
„Кога станува збор за Тоше Проески, првата песна беше негова…Додека Тоше ја пееше оваа песна јас бев во студиото од другата страна на стаклото. Го гледав додека снима во студио. Го чекав да заврши и бидејќи само што стана полнолетен, го чекав да го возам дома. Тогаш и двајцата живеевме во Атина“, изјави Карлеуша пред да го коментира кандидатот.