Радио Милева „крена прашина“

Јелена Карлеуша прати порака до нејзините „хејтери“: „Престанете да ме мразите, ќе добиете рак од стресот“ (фото)

Јелена Карлеуша прати порака до нејзините „хејтери“: „Престанете да ме мразите, ќе добиете рак од стресот“ (фото)

Пејачката Јелена Карлеуша редовно се огласува на својот Инстаграм, а сега со новата објава повторно крена прашина.

Имено, Јелена се огласи и им испрати порака на своите „хејтери“, а после тоа им се обрати на сите кои ја поддржуваат.

– Злобни луѓе… Мора да престанете да ме озборувате, да ми завидувате и да ме мразите. Ќе добиете рак од стрес. Земете длабок здив и одете на туѓ профил. Го можете тоа. Спасете се, кој ми мисли лошо, ќе заплака мајка му. Ајде полека… Затоа што оваа божица (дива и кралица), ја заболе за вашето небитно мислење и 3 следбеници. А вие што ме сакате и што пишувате најубави пораки и коментари, ви благодарам што секој ден ме потсетувате колку сум убава и најдобра – напиша Јелена и додаде:

– Всушност, јас сум совршена. Совршено суштество. Животот е убав. Како мене. И затоа слободно пишувајте повеќе, сакам да читам. Мојата убавина лечи, го подобрува вашето расположение и го прави денот осветлен од сончевите зраци. Една убава мисла за мене носи среќа. И затоа уплатете лото. Еден ангел е меѓу вас. Мојата музика е доказ за безвременската божествена енергија. Живејте во ерата на Јелена Карлеуша, среќна за можноста – рече таа.

Инаку, Јелена во текот на вчерашниот ден го нападна колегата Милан Топаловиќ Топалок поради фотографија од лов.

-Шумата е се што ми треба за детоксикација – напишал, а Јелена му испратила брутален коментар:

– Ми треба и тој пиштол, да те детоксицирам засекогаш, психопат! Ќе убиваш во шумата?? – напиша Карлеуша.

Фото:Притскрин/Инстаграм/Јелена Карлеуша

To top