Музичката ѕвезда важи за најстилската јавна личност на овие простори, а освен за облека, голема сума пари троши и на скап накит.
Јелена Карлеуша се врати од Париз каде беше гостин на тамошната „Модна недела“.
Музичката ѕвезда со невиден успех го осветли лицето на естрадата, а по враќањето во Белград им се врати на секојдневните обврски.
Карлеуша е активна на социјалните мрежи каде е најпопуларната женска јавна личност на Балканот, а денеска на Денот на жената објави фотографија од нејзините раце.
На постот, освен негуваната женска рака, секако забележлив е накитот, а вкупната цена на парчињата е речиси 17.000 евра.
Имено, Карлеуша носела „картије“ чија цена варира до 600 евра и нараквица со потпис на истата златарница, но од колекцијата „љубав“ за која платила дури осум илјади евра. . Но, тоа не е крајот, освен тоа, пејачката се „закити“ со парчиња од брендот Ван Клиф и Арпел, кои чинат осум илјади евра.
Фото: принтскрин/инстгарам/karleusastar