Радио Милева

Јелена Карлеуша пееше во Скопје, а македонска естрада „лумпуваше“ до раните утрински часови (фото)

Јелена Карлеуша пееше во Скопје, а македонска естрада „лумпуваше“ до раните утрински часови (фото)

Кога станува збор за настапите на регионалните ѕвезди, периодов  агендата е полна.

По долго време, српската поп дива Јелена Карлеуша викендов настапуваше во Скопје во една позната дискотека.

Таа пристигна на денот на самиот настап, се прошета низ центарот на град, а судејќи по коментарите на социјалните мрежи на Јелена  и се допадна Скопје.

Таа успеа да ја собере својата македонска публика, а нејзините фанови имаа прилика да уживаат  како во нејзиниот глас, така и нејзиниот стас во очекувано провокативно издание.

Покрај нејзините фанови, на забавата се појави и македонската пејачка Адријана Кеш која лудуваше до раните утрински часови.

А Јелена е позната по нејзините провокативини настапи, па сигурно и македонската публика повеќе гледаше отколку слушаше. По одличниот настап, Kарлеуша сигурно нема како претходно да чека да помине доста време за да се врати пак.

Kеш за оваа прилика одбра провокативна комбинација, а деколтето и беше во прв план.

На концертот на Јелена Карлеуша беше и Сања Сани Гроздановска заедно со нејзиниот сопруг, кои наздравија со шампањ. Тие беа сместени во ВИП делот кој чинеше нешто повеќе.

За оваа прилика, Сани облече асиметричен металик комбинезон.

фото:принтскрин/инстаграм/фејсбук

To top