Сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ неодамна го прослави својот роденден во кругот на пријателите и семејството.
На прослава, Јелена и Душко по долго време се видени заедно на јавно место.
Карлеуша во интервју за телеграф.рс откри како го прославиле роденденот, но и што му подарила на сопругот.
„Јас цел ден бев на снимање во Гранд, а тие ме чекаа бидејќи рестораните работат до 20часот, па јас малку доцнев, но стигнав кога беше тортата. Атина, Ника и целото семејство, сите беа заедно. Беше убаво, јас бев малку изморена, а тој беше среќен“ вели пејачката и додава:
„Не доби конкретно подарок од мене, јас им дадов пари на Атина и Ника да купат подарок за својот татко и тие го донесоа како нивен подарок. Едната имаше парфем, другата крема за мажи и подочници, па се тоа го спакувавме во два подароци. Ништо спектакуларно, но убаво и функционално“, изјави Карлеуша.
Инаку, неодамна во медиумите се пишуваше дека Душко има љубовница, а пејачката ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека фудбалерот поднел тужби.