Радио Милева Аргументирано

Јелена Карлеуша ја прозваа дека носи „фејк“ фустан, а таа со доказ им ја затвори устата (фото)

Јелена Карлеуша ја прозваа дека носи „фејк“ фустан, а таа со доказ им ја затвори устата (фото)

Популарната пејачка Јелена Карлеуша никогаш не остава никого рамнодушен со своите стајлинзи, а деновиве се крена голема прашина околу еден стајлинг.

Овој пат, таа се најде во центарот на вниманието на јавноста кога беше прозвана дека фустанот на Версаче што го носеше на филмскиот фестивал во Сараево е „фејк“.

За да ги спопре ваквите коментари, поп-sвездата објави фотографија од фискалната сметка на социјалните мрежи.

фото:инстаграм/принтскрин

– Што треба да направам! Утрешниот весник пишува како ударна вест (?!) Дека мојот фустан од Сараевскиот филмски фестивал е всушност лажен. Во прилог на тоа, приложувам сметка од продавницата Версаче во Милано, како и фискална сметка (првата цифра е замаглена затоа што не сакам да се знае колку е платен фустанот, живеам во сиромашна и страдална земја). Има код, името на фустанот како и датумот на купување – напиша Јелена на својот Фејсбук профил сакајќи да докаже дека не купува „фејк“.

To top