Американската порно актерка, по потекло од Либан, на својот Инстаграм профил објави серија фотографии во костим за капење, речиси идентичен со оној на музичката ѕвезда Јелена Карлеуша.
Поранешната порно актерка, атрактивната Миа Калифа ги почести своите следбеници со уште едно предизвикувачко издание. Имено, таа носеше минијатурно плетено бикини, речиси исто како она на пејачката Јелена Карлеуша.
Во серијата фотографии на Инстаграм на кои позира во оскудно издание, поранешната порно дива ги покажа своите бујни гради и витките нозе, со што ги воодушеви нејзините следбеници.
Јелена Карлеуша е надалеку позната по својот моден израз, благодарение на кој често завршуваше на страниците на печатот на странските медиуми, додека некои американски водителки, како Венди Вилијамс, дури ги обвинија Ким Кардашијан и Бијонсе дека се едни од оние кои се инспирирани од изгледот на „Мала од скандала“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм