Како што пренесуваат српските медиуми, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се скарале на Нова година.
Како што пишува „Курир“, на Јелена и пречело тоа што Душко ја почастил со пијалок соседната маса во клубот каде настапуваше Јеца за Нова година.
Карлеуша го прекинала настапот и жестоко се скарала со Душко. Пејачката заминала на другиот настап, а Душко се правел како се да е во ред.
„Душко дојде дома и се обиде да и објасни дека работите не се такви какви што изгледаат. Не вредеше, Јелена си тераше по свое. Тошиќ и го зеде мобилниот и настана хаос“ вели извор за „Курир“.
Тој вели дека Душко во телефонот нашол пораки од фудбалерот Огнен Врањеш.
„Тогаш Душко полуде, се и сешто и кажа на Јелена. И го зеде телефонот, така да никој нема контакт со неа. Душко му се јави и на колега и го навреди.Не знам што ќе се случи, но мислам дека ќе поднесат документи за развод“ раскажува изворот.
По кавгата, Душко се огласи преку социјалните мрежи. Не спомнувајќи никакви пораки, ни потврдувајќи, ни демантирајќи ги написите во медиумите.
Тој објави семејна фотографија од прослава на Божиќ, а Јелена во коментар му напиша „те сакам“.
Од друга страна, Карлеуша порача: „Со мојот брак се е во ред. Не грижете се. Среќен Божиќ на сите кои слават“, напиша Јеца на заедничката фотографија со Душко.