Лице в Лице „исти ја“

Јелена Јованова и Стјепан Периќ: „Синот Јаков е микс на двајцата“

Јелена Јованова и Стјепан Периќ: „Синот Јаков е микс на двајцата“

Македонската актерка со хрватска адреса на живеење, Јелена Јованова и нејзиниот сопруг Стјепан Периќ во јуни претходната година се реалзираа во улогата на родители и го добија синот Јаков.

Јелена и Стјепан во заедничко интервју за стори.хр открија како поминала бременоста на Јелена, како се снашле во улогата на родители, како преживеа се што донесе 2020та година….

По што ќе ја паметите 2020 година? Има ли за вас позитивен предзнак?

Стјепан: Ни се роди синот Јаков и од тоа нема поголема среќа. Затоа за мене 2020 година ќе има позитивен предзнак без оглед на сите негативни работи кои ни ги донесе. На крајот, верувам дека ќе излеземе посилни.

Јелена: Да ми кажаа дека 2020та беше година со сценарио на холивудски филм, ќе им реков: „Малку претерувате“. Но, ќе погрешев. 2020та донесе вистинска емотивна вртелешка, а на пиедесталот е секако Јаков. Ќе имаме многу да зборуваме за годината во која се роди.

фото: роберт гашперт/стори.хр

Станавте родители во јуни, како беа првите месеци со вашиот син?

Јелена: Првите две, три недели беше напорно. Последици од породувањето, хормоните, прилагодувањето … сето тоа мораше да дојде на свое место. Не беше бајковито, но помалку влегувавме во рутина. Секој ден стануваше полесно и позабавно.

Стјепан: Многу ви зборуваат за породувањето и бременоста, а потоа ќе дојде детето. Дојдовме дома, го погледнавме и се запрашавме: Па што сега? Беше стресно, но се навикнавме по неколку недели и сега уживаме. Се смееме на сеќавањата од тие први недели.

Какво бебе е Јаков?

Стјепан: Добар е, бистар, забавен и многу сладок. Исти како мене.

Јелена: Весело и насмеано бебе. Многу љубопитен. Од срце ја дели својата насмевкса со сите. Исти како мене.

Личи ли на некој повеќе?

Јелена: Mислам дека е совршен микс од двајцата.

Стјепан: Се согласувам.

Имате ли веќе своја рутина?

Стјепан: Имаме, тоа ни е прва цел.

Јелена: Знае понекогаш да ни побегне, но секогаш се враќаме. Јаков има едноставен распоред – јаде секои три часа. Прошетката е наутро или попладне, во зависност од нашите обврски, тој секогаш спие еден час по јадење. Тој обожава да слуша музика за добра ноќ или приказни што му ги читаме. Девет часот е  време за спиење.

Ве промени ли родителството?

Стјепан: Како што расте Јаков, станувам сè поодговорен. Повеќе внимание посветувам на моето здравје. Се обидувам да го воспитам со мој сопствен пример, иако тој е сè уште многу мал. Повеќе сум мотивиран на работа.

Јелена:  Не постои курс за родителство. Лекциите ги учиме во движење и секој ден учиме  нешто ново. Оваа промена не е затворен процес. Се обидувам да бидам поодлучна и посамоуверена. Ако ми треба совет, со задоволство го барам, и ако не го барам, подобро без предлози. Секако дека има моменти кога не сме сигурни дали го избираме најдоброто за него или тој избор може да биде подобар, но не мислам дека тоа некогаш ќе се промени. Само е сигурно дека некогаш ќе згрешиме.

фото: мартин трајновски

Дали раѓањето на синот уште повеќе ве поврза?

Стјепан: Апсолутно. Јас присуствував на породувањето, заминав очекувајќи дека веднаш ќе се заљубам во синот, а уште повеќе се заљубив во Јелена.

Се гледа ли сега кој е построг, а кој поблаг родител?

Јелена: Мислам дека е рано за тоа. Сето ова е сè уште ново за нас, но би сакал да бидеме секогаш подеднакво строги, односно благи. Да знаеме да се слушаме, да се разбираме и да ги поддржуваме вистинските одлуки. Додека го велам ова, сфаќам дека немам идеја што не чека. Одиме со отворено срце, од ден на ден.

Стјепан: Додека го слушам ова, мислам на тоа како просечан маж во денот изговара 800 збора, а просечната жена 4000.

Имате ли помош, баба- сервис?

Јелена: Oвде се баба и тета сервис, а во Македонија ни помагаат баба и дедо. Засега сервисот многу добро ни помага. Задоволни сме и ние и Јаков.

Стјепан:  Да, и сите се заљубени до уши.

Јелена, дали твоите родители и брат имаа прилика да го видат Јаков во живо?

– Да. Неполни четири месеци од раѓањето заминав на снимање. Тато и брат ми го видоа, но само на кратко бидејќи снимав во друг град. Мајка ми беше со нас и ми помагаше додека снимав. Многу сум и благодарна на тоа, ние тројца завршивме лавовска работа.

По бабите, најчесто пријателите и роднините доаѓаат на гости, дали сега ги намаливте посетите?

Јелена: Поради короната ги немавме во класичен облик.

Стјепан: За жал, моравме да го скратиме дружењето. Се надевам дека целата ситуација ќе заврши што е можно побрзо затоа што не би сакал Jaков да биде лишен на кој било начин во социјална смисла. Тој дури и не го виде „старото нормално“, затоа искрено се надевам дека сè ќе помине додека тој сè уште не биде свесен за тоа.

фото: роберт гашперт/стори.хр

Јелена, каква беше твојата бременост со оглед на земјотресите и “lockdown“?

-Како да “шармот“ на бременоста не беше доволен, па се тоа мораше да биде зачинато со земјотреси и корона. Имаше многу денови кога душата од страв ми беше во петите, а Јаков вознемирен под срцето. Посебно на 22 март. Се тресев со денови како да сум гола на снег. Никогаш доста од забавата. Бременоста не е розова, породувањето боли, а да не почнуваме за доењето. Искрено за тоа малку се зборува. Важно е дека на крајот сè помина добро.

Како  доживеавте и преживеавте сè што се случи минатата година?

Стјепан: Тешко и стресно, но верувам дека Бог ни дава товар колку што можеме да поднесеме. Најлошото за мене беше кога многу малку се знаеше за вирусот, а Јелена беше бремена

Јелена: Мислам дека сè уште не сме свесни за сите емотивни несакани ефекти што допрва ќе ни се појават. Ставивме многу работи на тест, особено нашата сопствена ментална подготвеност. Знаевме како да го извлечеме најлошото од себе. Oд друга страна, солидарноста од луѓето излезе безрезервно. Научивме многу и добивме шанса да прифатиме некои вредности што ги заборавивме. Ние ги сакаме луѓето, ги обожаваме нашите пријатели и ни недостасуваат. Не сме баш од апликации за мобилни телефони, онлајн емисии, изложби или виртуелни кафиња. Се надевам дека ова нема да нè промени засекогаш и дека не ги живееме последните денови на слободата како што знаевме досега.

Какви беа месеците по раѓањето на Јаков, дали сакавате да успорите со работа. Или пак во глумата, како и во другите професии, не треба да се одбиваат ангажманите?

Јелена: Мајчинството не е професија. Барем не за мене. Глумата е. Само затоа што се породив и станав мајка не значи дека престанав да бидам актерка. Кога знаев дека сум подготвена, започнав да работам. Тоа ме прави да се чувствувам комплетно. Ги избирам проектите на кои работам и не сакам да размислувам така дека ќе морам да излегувам од паштета само за да постојам на пазарот. Кога станува збор за короната и ограничувањата во работата, не можеме ништо. За жал, мислам дека не се исклучуваат само проекти туку и кариери.

Стјепан: Продолжив да работам и како порано, но многу сум внимателен со слободното време. Сакам да бидем најдобар родител и партнер.

фото: Инстаграм

Кои се вашите планови за 2021?

Јелена:  Засега не знам ништо и искрено, не ме интеренсира. Порано такво сознание ме плашеше, сега ме возбудува. На мене е да бидам подготвена за се што ќе дојде, а сум подготвена.

Потсетуваме, Јелена и Стјепан се запознаа во 2013 година на сетот за серијата „Тајна“, а во 2015 година запливаа во брачните води.

извор:  story.hr

To top