Македонската актерка Јелена Јованова која публиката ја памети по улогата Јелена од Драчево во серијата „Преспав“ за првапaт се реализираше во улогата на мајка и роди син, пишуваат домашните медиуми.
Јелена се породила во болница во Загреб.
Блиски на семејството на Јелена за ммс.мк велат дека актерката и бебето се чувствуваат добро и дека за името на бебето постојат две варијанти, но Јелена сама ќе открие како ќе се вика.
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов на социјалните мрежи и честиташе на Јелена.
„Јеленче стана мама. Драчево е на нозе. И Хрватска по малце“, напиша тој на социјалните мрежи.
Инаку, Јелена е веќе 5 години во среќен и хармоничен брак со колегата од Хрватска – актерот Стјепан Периќ.
Нивната љубов се случи пред камери во 2014 година кога заедно ја снимаа серијата „Тајни“, каде Јелена ја имаше главната улога. Денес тие живеат во Хрватска, а Јелена во Македонија најчесто доаѓа поради професионални ангажмани, а не ретко со неа е и сопругот Стјепан.
Честитики, да е живо и здраво синчето!