Штипјанката со хрватска адераса, актерката Јелена Јованова реши да ги отвори вратите од својот дом и на своите фанови и следбеници на Инстаграм да им дозволи да ѕирнат во нејзиниот приватен рај.
Опуштена и раскомотена во бордо баде- мантил, Јелена се покажа во едно светло какво досега не семе ја виделе, браем не приватно.
Дека изгледа атрактивно и секси се согласија и повеќето од следбениците во коментарите кои и ги оставија за објавата. Јелена пак, имаше само една мисла на ум, порака за нејзиното моментално чувство:
-Секојдневен комфор доведен до совршенство и безвременска елеганција, пишува актерката мислејќи на баде – мантилот и ноќницата чија етикета веројатно сакаше да ја промовира.
Во оваа прилика имавме и можност за првпат да погледнеме како изгледа нејзиниот заеднички дом со сопругот, актерот Стјепан Перириќ.
Нежни пастелни тонови и едноставни линии од меболот, сосема ослободено и далеку од оптоварен простор. Деталите сведени на минимум и тоа фотографии од синчето прикачени на ѕидот, но за оваа прлика вешто сокриени од очите на јавноста.
Инаку, периодов Јалена е актуелна со филмот „Нешто слатко“ каде глуми заедно со колегата Сашко Коцев.
фото:Инстаграм принтскрин/Јелена Јованова