Сопругата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, му гостувала на познатиот пејач Жељко Самарџиќ на концерт во Белград.
Публиката била изненадена кога ја видела на сцената, па ја поздрави со голем аплауз, додека Јелена се обидуваше да ја подигне атмосферата и пееше во еден глас со Жељко.
– Ќе и го изгравирам името, ќе и дадам златен часовник, да беше машко ќе беше како мој брат – пееше Самарџиќ, а со него и Јелена, текстот на песната „Кафанска певачица“.
– Отсекогаш се сметав себеси за бубалица, иако тој збор немаше добра конотација во општеството. Отсекогаш се гледав себеси како личност која сака да учи и која има цел – рече Јелена и нагласи дека е добро да се биде бубалица.
– Се сеќавам на моето детство, но имам заборавено многу. Сега, како возрасна, сакав да го обновам, и да се подготвам за моите деца (школување). Потоа гледаат како јас учам, кај нас учењето е основа на се’. Ние сме многу љубопитни во сè што правиме. Секогаш ги охрабрувам со прашања, за да размислуваат и секогаш ги прашувам: „Што мислите вие…?“, бидејќи сакам да го видам нивниот начин на размислување – откри Јелена во Утринската програма на РТС.
фото:Инстаграм принтскрин