Позната писателка и поранешна водителка Јелена Бачиќ Алимпиќ на својот Фејсбук профил сподели фотографија на која се гледа како целата рака и е во гипс.
Јелена Бачиќ Алимпиќ откри дека во брзање прескокнала скала и во таа прилика ја скршила надлактицата поради што има големи болки и дека поради целата ситуација најверојатно ќе мора да оди и на операција.
– Ги знаете тие глупави ситуации, кога од нигде никаде ќе се случи несреќа? Па добро, во брзање пропуштив скала, ја скршив надлактицата, сега се борам со болки оваа насмевка е очајна затоа што толку многу сакав да ја „нишам“ мојата внука за Велигден, а уште не знам дали ќе се оперирам во сабота – изјавила Јелена Бачиќ Алимпиќ во својата објава и додала:
– Како и да е, главата сѐ уште е на рамениците и продолжуваме понатаму. Нема предавање, нема пораз! – напиша таа на социјалните мрежи од својот дом во Нови Сад.
Фото: Принтскрин/Фејзбук