Пејачот Јашар Ахмедовски (58) е многу активен во теретана, а на социјалните мрежи не се колеба да ги покаже резултатите од напорната работа, дури и на прагот на седмата деценија од животот.
Пејачот е познат по својот неверојатен талент, каде со својата музика ги забавува масите, но сега се најде во центарот на вниманието поради неговите мускули.
Јашар еднаш позираше во тесна маица, па дури и зазеде необична поза, се со цел подобро да ги покаже мускулите на кои се трудеше, а маицата за малку не распука.
Инаку, на профилот на Јашар на Инстаграм може да се најдат бројни слики од теретана каде во преден план се неговите мускули, како и неговото извајано тело, па имавме можност да видиме како изгледа пејачот кога ќе облече костим за капење.
Да потсетиме, фолкерот Јашар Ахмедовски привлекува големо внимание поради фотографиите на кои се гледа како тој како тинејџер вежба во теретана, а според тамошните медиуми пејачот сакал уште повеќе да се подмлади и да направи фејслифтинг.
– Јашар тренира долги години, но малкумина знаат дека се обидува да ја врати формата што ја имаше во младоста. Се случува два пати дневно да оди на тренинг, а сега почна да оди и на разни естетски третмани. Неколку пати пробал ботокс, масажи на лице и слично, а сега разговарал со доктор од приватна клиника за лифтинг. На консултацијата докторот му објаснил и му покажал каков ефект ќе има по интервенцијата, а се договориле операцијата да се случи на крајот на јануари, бидејќи Јашар има неколку настапи – изјавил во една прилика за „Република“ извор.
– Здравиот живот е нешто што отсекогаш го практикував, но во последно време најмногу се посветувам на тренинзите. Убаво е да се грижиш за своето здравје и нормално е да го споделиш со другите. Не сум многу активна на социјалните мрежи, но интересно ми е да објавам селфи од теретана – изјавил пејачото едно интервју.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јашар Ахмедовски