ОВЕН
21.3. – 20.4.
Партнерот ќе ви забележи поради отсутноста и замисленоста. Слободните ги очекува повик од минатото. Овните добро комуницираат со деловните соработници и задоволни се од успехот. Можни инфекции.
БИК
21.4. – 20.5.
Емотивните врски ќе бидат хармонични, со многу романтика и страст. Слободните ќе почнат романса. И покрај зголемениот обем на работа, пријатни мигови во канцеларијата. Проблеми со кожата.
БЛИЗНАЦИ
21.5. – 21.6.
Емотивните врски ќе бидат во целосен сјај, особено кон крајот на месецот. Слободните ќе почнат да комуницираат со интересна личност. Нема да ви оди остварувањето на деловните цели. Нервоза.
РАК
22.6. – 22.7.
Емотивните односи се хармонични, со повремена слаба љубомора. Слободните ги очекува средба со лице од минатото. Се чувствувате моќно, за вас не постојат деловни пречки. Одлично здравје.
ЛАВ
23.7. – 23.8.
Емотивните врски ќе ви бидат динамични и страсни. Слободните ќе почнат авантура со нов познаник. На работното место лавовите ќе имаат можности за нови долгорочни соработки. Алергиски реакции.
ДЕВИЦА
24.8. – 23.9.
Емотивните врски ќе ви бидат прибежиште од проблемите во другите животни сфери. Слободните освојуваат со својот шарм. Овој месец девиците нема да поднесуваат авторитети, што може да биде проблем. Стоматолошки проблеми.
ВАГА
24.9. – 23.10.
Емотивниот партнер би можел да има забелешки во почетокот на месецот. Слободните ќе имаат можност за нова врска. На вагите ќе им недостига амбиција. Гинеколошки проблеми.
ШКОРПИЈА
24.10. – 22.11.
Повремените налети на партнеровата љубомора ќе ја нарушат хармонијата во врските. Слободните ги очекува возбудлива авантура. Делумно ќе успеете да ги реализирате работните цели. Внимавајте на притисокот.
СТРЕЛЕЦ
23.11. – 21.12.
Емотивните врски ќе функционираат беспрекорно. Слободните ќе ја обноват неодамна раскинатата врска. Стрелците ќе работат на подготовката на нови проекти. Можно е опаѓање на имунитетот.
ЈАРЕЦ
22.12. – 20.1.
Кон крајот на месецот, во врските ќе биде напнато. Слободните ќе запознаат лице за сериозна врска. Јарците ќе го искористат периодов да пронајдат сатисфакција во работата. Одлично здравје.
ВОДОЛИЈА
21.1. – 19.2.
Емотивните врски ќе бидат хармонични, понекогаш дури и монотони. Слободните ќе имаат упорен додворувач. Водолиите што се занимаваат со креативна работа можат да постигнат голем успех. Нервоза.
РИБИ
20.2. – 20.3.
Емотивните врски ќе бидат несекојдневно убави, а кон крајот на месецот е можно заедничко патување. Слободните ќе запознаат интересна личност. Недоразбирање со колегите. Можен е недостиг од витамини.