Македонската актерка Јана Стојановска стана мајка.
Таа се породила предвремено во Букурешт, во седмиот месец од бременоста, но денес по двомесечен болнички третман за предвремено родени бебиња, Јана и синчето се во добра здравствена состојба.
Јана за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ преку „Скајп“, откри дека поминала низ доста стресен период, но сега се надева дека се’ ќе биде како што треба.
Инаку, таа роди машко бебе кое иако со сопругот планираа да носи друго име, се одлучиле да го добие името на нејзиниот починат татко, познатиот актер Ненад Стојановски.
Јана и малиот Ненад се уште се во Букурешт, а тазе мама вели дека ретко спие и е целосно предадена на мајчинството.
Погледнете: