За Велигден секоја домаќинка на Велики четврток фарба велигденски јајца.
На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца.
Првото јајце, божјаче, откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики Четврток, и само ова јајце не скапува.
Традиционално се фарбаат црвени јајца, а таа боја значи нов живот и плодност, и е симболот на Велигден.
Жолтата боја на велигденските јајца значи светлина, портокаловата – трпение, зелената – храброст.
Виолетова значи надеж и спокојство, а сината здравје и ведрина.
извор:готви.мк