Живот и Стил

Јаболковиот оцет е исклучително здрав за организмот, но со овие работи мора да внимавате

Јаболковиот оцет е исклучително здрав за организмот, но со овие работи мора да внимавате

Јаболковиот оцет многумина го сметаат за „лек за се“, но експертите предупредуваат дека треба да се користи со претпазливост.

Некој веројатно ви предложил да се обидете да изгубите тежина со помош на јаболков оцет. Го забрзува варењето, согорува калории, а бета каротенот кој се наоѓа во јаболковиот оцет помага во разградување на масните наслаги. Бидејќи содржи калиум, се препорачува за исфрлање на водата од телото и за борба против целулитот.

Исто така, јаболковиот оцет се предлага бидејќи може да помогне при покачен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и како сојузник за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Се верува дека има антибактериско и антисептично дејство, па затоа се препорачува како прва помош при грип, настинка и синузитис.

Помага и при инфекции, труење со храна, изгореници… Покрај сите благодети кои се верува дека ги има врз човечкото тело, лекарите советуваат дека треба да внимавате со употребата на јаболковиот оцет.

Колку јаболков оцет е дозволено на ден?

Не треба да земате повеќе од три до четири лажички јаболков оцет дневно. Може да се користи во салати, јадења со зеленчук или да се пие разреден во чаша вода.

Не го пијте на празен стомак

Важно е да не земате јаболков оцет пред оброците бидејќи киселината може да го иритира желудникот доколку се пие на празен стомак. Пијте го во чаша вода, но само после јадење.

Извор:Курир.мк

To top