Радио Милева
свадбени ѕвона

Ја запроси на неговиот роденден: Тамара Милутиновиќ му приреди изненадување, а потоа следеше неочекуваното (фото)

Ја запроси на неговиот роденден: Тамара Милутиновиќ му приреди изненадување, а потоа следеше неочекуваното (фото)

Пејачката Тамара Милутиновиќ синоќа ја запроси  нејзиното момче, фудбалерот Дарко Јевтиќ.

Сето тоа се случило на неговата роденденска забава во познат клуб во Белград, а пејачката иако му приредила изненадување – егзотични танчерки, таа всушност била таа која го добила најголемиот подарок.

Фудбалерот ги дувнал свеќичките на роденденската торта, а Тамара цело време стоела до него, а потоа клекнал и го извадил прстенот.

Не можела да поверува што се случува, па во истата секунда се расплакала, а потоа рекла „Да“.

Инаку, Тамара Милутиновиќ неодамна одговори на прашањето дали планира да стапне на лудиот камен и призна дека нејзиниот мајчински инстинкт се родил кога запознала маж за кој верува дека би можел да биде татко на нејзините деца.

Дарко Јевтиќ и Тамара се долго време заедно, а тој не сака јавно да се експонира. Моментално настапува за фудбалски клуб во Русија, а како што објавија тамошните медиуми при потпишувањето на договорот, заработува по еден милион евра по сезона.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тамара  Милутиновиќ

Останати вести од Радио Милева