Во првата исповед во медиумите, синот на Синан вели дека не може да си прости што дозволил Сабина да го изнесе Синан од болница кога бил во тешка состојба. Радиш кој беше 18 години во затвор вели дека платил за своите гршеки и дека од својата маќеа го бара само станот од 90 квадрати.
„Мојата болка никој не може да ја разбере. Платив поради моите гршеки, а сега поминувам низ пекол поради Сабина која само ја интеренсираат пари. Живеам во стан од 40 квадрати, а татко ми ми кажа дека ќе ми остави стан од 90 квадрати. Меѓутоа, Сабина се прави луда и од станот направи ателје“ вели Рашид.
Тој вели дека најмногу го боли тоа што дозволил Сабина да изнесе Синан од болница.
„ Ме боли што дозволив да го изнесе од болница.Тој беше во тешка состојба, а Сабина се правеше попаметна од сите доктори. Најпрво го извлече од државната институција и го однесе на приватна клиника, па таму беше скапо и го врати дома. Немаше нега како во државна болница.Ова звучи лошо, но тоа е вистината, вели синот на пејачот.
Тој исто така објасни дека Сабинa никогаш не му мислела добро и дека физички ја малтретирал кога бил дете.
„Никогаш не се чувстуввав добро во нејзино друштво. Јас разбирам дека сака да ги обезбеди децата од првиот брак и децата на нејзината сестра. Немам ништо против тоа, но нека не ги загрозува децата на нејзиниот сопруг. Ме плука од секоја страна, од срам не можам да излезам во град. Сакам луѓето да ја знаат виситната, а не да ме гледаат како чудовиште.
За потсетување, минатата година Синан имаше операција на која му беа вградени стентови во жолчните канали, но лекарскиот конзилиум составен од еминентни лекари од неколку балкански земји констатирал дека тоа не е трајно решение и дека пејачот сепак ќе мора да оди на трансплантација на црниот дроб.