Пејачката Лепа Брена ги сумираше впечатоците од 2020 година која беше напорна и тешка, но за среќа на неа и беше убава година.
-Се приклучувам на сите кои ја избришаа оваа година од календарот и искрено се надевам дека 2021 ќе тргне со нова креативност, нова позитивна енегрија, со љубов и емпетија и со желба да работиме и да си помогнеме едни на други“ вели пејачката и додава дека ова бил најдолг период да не настапува и да нема контакт со публиката.
Брена го искористи овој период за да поминува што повеќе време со своето семејство, како и да надополни се’ она што што го пропуштила, па така 2020 година за неа беше полна со патувања.
Сепак, таа вели дека доста и од одмор.
-Моите одмори секогаш беа на неколку или десет дена доколку се договориме една година однапред, но сега ги надополнив сите одмори кои ги пропуштив изминатите 40 години и да ви кажам, не ми годи ни премногу одмор. Ова година беше комплексна, не само за нас, туку и за целиот свет, па се надевам дека во новата ќе влеземе оптимистички и рационалнот“, вели Брена.
Брена се потсети и на нејзиниот 60ти роденден и вели дека бил еден од најубавите бидејќи ова е прв роденден да не го поминала на концерт туку со семејството.
-Морам да ви кажам дека овој роденден ми беше најубав, без помпа и многу луѓе. Ги поканив само најблиските. Најчесто јас ги исполнував желбите на многумина. Ова беше посебен момент и се надевам дека сите следни роднедени ќе бидат органзирани така што ќе нема да забавувам никој и конечно ќе се забавувам јас“, вели фолк ѕвездата.