Цеца Ражантовиќ е новиот член на „Ѕвездите на Гранд“, наместо Јелена Карлеуша.
Ѓорѓе Давид истакна дека откако дошла Цеца во жирито гледаноста многу се зголемила.
-Цеца и Јеца се како Роналдо и Меси. Карлеуша си замина и се појави Светлана, а таа е некој кој донесе поголема гледаност и тоа во поголем процент. Искрено, се грижевме дали ќе биде така. Што тоа покажува? Ако си мајстор, ако се следиш себе си и она што е твоја крвна група и твој идентитет, народот ти верува. Те сака или не те сака, но ти верува. Секој се менува, но важно е да не бидете досадни, изјави Ѓорѓе Давид.
-Не сум суетна, не се плашам што сум замена на Карлеуша. Секој е индивидуа за себе. Јас веќе реков дека добив понуда во 2015 година, но бев спречена поради договор во друга продукција“, изјави Цеца на почетокот на ангажманот во „Ѕвездите на Гранд“.
-Им посакувам на сите да имаат огромен рејтинг. Им посакувам се најдобро, но не сакам да зборувам за „Ѕвездите на Гранд“.
Меѓутоа, ПР менаџерот на Јелена Карлеуша договараше на прашања на следбениците, а едно прашање се однесување на рејтингот на „Ѕвездите на Гранд“ и тврдењата дека со доаѓањето на Цеца се зголемил рејтингот.
-Она што го видов во извештајот кој го добиваме од работа не се поклопува со она што се објавува. Но, не е тема за мене, ниту ме интеренсира да невлегувам во детали. На сите се најдобро“, напиша Зоран Бирташевиќ.
Инаку, Јелена ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ за да се посвети на издавање на нејзиниот нов албум.
фото: принтскрин/јутуб/задруга официјал/инстаграм/е сток/инстаграм