Кога станува збор за модата и модниот стајлинг кога сте јавна личност се трудите да изгледате средено и секогаш пред камерите да бидете во топ форма.
Некои од македонските јавни личности знаат да добро да се носат со модата и модните комбинации на себе, но некои прават модни катастрофи.
Сузана Гавазова иако живее во Шведска, може да ја видиме на важни случувања во Македонија.
Претходните денови таа беше на фолк фест „Роса 2018“, а за таа прилика се облече во наметка со ремен и високи потпетици на „Версаче“.
Во интервју за „Екслузив“ таа откри колку платила за целокупниот стајлинг, па изјави дека од својот буџет искеширала околу 3000,4000 евра.
Таа истакна дека најскапо парче на неа се високите потпетици на „Версаче“ кои ги платила 2000 евра.
„Па, штиклите, 2000 евра“, изјави Сузи.
Меѓутоа, ако пребарате по интернет ќе видите дека реална цена на истите високи потпетици е 690 евра.
Како и да е, не е важна цената ако модните парчиња се добро комбинарани.