Промотер

„Изгреа“ видеото за макфестовската „Изгреј сонце“ на трио „Џентлмен“ (ВИДЕО)

„Изгреа“ видеото за макфестовската „Изгреј сонце“ на трио „Џентлмен“ (ВИДЕО)

Баладата „Изгреј сонце“, со која триото „Џентлмен“ се натпреваруваше на годинешниот „Макфест 2018“, сега е надополнета и со видеозапис. Автори на музиката и аранжманот се  самите членови на триото: Кристијан Антовски, Дарко Нешовски и Дејан Стоев,а стиховите ги напишал  Филип Цветков. 

Зад екранизицијата стои продукцијата „Дел Рио филмс“  на Оливер Ромевски  и „Прокам“ од Гостивар, а висдеото е снимено под режисерската палка на Александар Николоски.

Прекрасните пејзажи се дополнети со танцот на балерината Христина Ангеловска, додека за изгледот на членовите на триото се погрижил стилистот Раде Василев.

Освен на „Макфест“, поп-оперското трио со „Изгреј сонце“ настапи и на меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Петрич, соседна Бугарија, каде што ја освои втората награда од публиката.

Како изгледа видеото за макфестовската балада на тројцата џентлмени дознајте во продолжение.

To top