Пејачката Александра Младеновиќ, како и нејзините колешки, на јавни настани доаѓа со штикли, нашминкана и целосно дотерана.
Меѓутоа, кога се во прашање приватните изданија, ситуацијата е поинаква.
– Приватно носам патики, кежуал. Не сакам сјај, ништо премногу, без шминка. Едвај чекам да дојдам дома за да се облечам како бездомник – вели Александра, а потоа додава:
– Обожавам да ја облечам најстарата маица, да го вклучам телевизорот и да кажам: „Се чувствувам толку добро“. Со мојата кума си одиме една кај друга дома по пижами и папучи – изјави таа во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“.
Јасно е дека пејачите се изложени на сајбер насилство, и дека секојдневно добиваат десетици коментари и пораки, но Александар повеќе не ја засегаат овие работи.
– Ги прочитав тие коментари претходно и тоа ме погоди. Тоа сајбер насилство го доживеав кога имав здравствени проблеми, но таквите работи веќе не ме засегаат. Сето тоа го гледам, но не го читам. Признавам, на еден коментар реков „ни хирург не може да ти помогне“. Имам такви моменти кога одговарам, но сега се ми е забавно. Тоа веќе не ме навредува и не ме засега – рекла Александра
Фото: Printskrin/Instaram/aleksandra_mladenovicJutjub