Едно е сигурно, Џесика Алба може да и се заблагодари на нејзината мајка за добрата генетика. Се чини дека убавата актерка ги наследила најубавите работи од неа.
Двете се фотографирани како шетаат по улиците на Лос Анџелес, а на прв поглед би рекле дека се сестри, а не мајка и ќерка.
Тие уживаа во слободниот ден и избрале одлични есенски стајлинзи за оваа пригода. Мајката носи фустан во „анимал принт“ додека ќерката одлична комбинација од кафеави панталони, џемпер и сандали.
Неодамна Џесика откри дека нејзината мајка е најголема поддршка во сè.
Актерката и нејзината мајка, Кетрин, исто така поседуваат многу успешна компанија, така што тие исто така се деловно поврзани.
Врз основа на фотографиите, можеме да заклучиме дека поминале одлично време во заедничката прошетка.