Радио Милева фантастична

Изглед од кој погледот замрзнува: Ќерката на Моника Белучи ги освои Париз и Милано (фото)

Изглед од кој погледот замрзнува: Ќерката на Моника Белучи ги освои Париз и Милано (фото)

Дева Касел, ќерката на Винсент Касел и Моника Белучи веќе работи за најпрестижните модни куќи, а деновиве изгледаше сензационално во Милано и Париз.

Манекенката го промени имиџот – наместо во романтични изданија, сега се појави во похрабра облека, со нова фризура.

Дева се прошета за ревијата на Долче и Габана, а долго време е муза на познатото модно дуо. Овој пат ја облекоа во секси црн фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

Изгледаше непрепознатливо во тесен фустан од кожа со ракавици и црвен кармин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

Додека беше модел на ревијата на D&G, на промоцијата на новата колекција на Диор беше во публика, а исто така изгледаше фантастично.

Нејзината облека и фризура не потсетија на стилот на Одри Хепберн. Дева беше многу елегантна во капут со ефектен дезен, а имаше и елегантна пунџа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel_)

Инаку, Дева повеќе од две години е вљубена во Лука Саландра, исто така модел, кој како и таа има француско-италијанско потекло. Таа во една прилика проговори за нејзините познати родители.

„Од мали нозе до сега, отсекогаш ги гледав моите родители само како мама и тато. Воодушевена сум од нивниот талент и очигледно многу горда на она што го постигнаа низ годините, но тоа не ги менува во моите очи“, рече таа.

фото: Инстаграм принтскрин/Дева Касел

To top