Празниците се како создадени за претерување со алкохолот. Затоа, ако сте претерале со алкохолот и се потпирате на старите, сигурни методи на олеснување на симптомите на мамуралкот, научниците имаат лек кој не може да биде поедноставен.
Станува збор за бананите.
„Калиумот и минералите се важни за организмот, а особено нервниот систем и мускулите да можат правилно да функционираат. Освен тоа, алкохолот ги исцрпува залихите на гликоген кој потоа го исфрламе преку урината, поради што на организмот почнува да му недостасува енергија. И поради тоа логично е да се чувствуваме исцрпено, изморено и „климаво“ по бурната ноќ со многу алкохол“, пишува во заклучокот на истражувањето.
А, бидејќи бананите се одличен извор на минерали и калиум, не би било лошо утрото по забавата да изедете неколку банани и да се потрудите што повеќе да ја надоместите изгубената течност.
извор:слободенпечат.мк