Изберете еден ангел и откријте која е скриената порака што можеби вашиот ангел ви ja шепоти долго време, но вие не успевате да ја разберете. Ако го следите неговиот совет, ќе бидете поблиску до среќата.
1. Следете го вашиот инстинкт
Живееме во многу рационално општество, каде што она што не може да се објасни со разум, едноставно не постои. Но, има многу работи невидливи за окото и незабележителни за сетилата, многу важни работи што не смеат да се изгубат.
Само вашата интуиција е способна да ги согледа овие работи. Кога треба да направите важен избор, потпрете се на вашата интуиција.
Имајте на ум дека интуицијата не е мозок, туку енергија, а ако вашите ментални способности ве изневерат, енергијата што е во вас секогаш ќе ве води во вистинската насока.
2. Сакајте се себеси
Да се сакате себеси не значи да бидете себични: тоа значи темелно да ги познавате вашите силни и слаби страни и да ги прифатите.
Да се има самодоверба е првиот чекор кон успехот и достигнувањето и тоа е единствениот начин да бидете корисни за другите.
3. Направете го она што ве прави среќни
Животот е премногу краток за да го поминете правејќи го она што не ви се допаѓа.
Имајте на ум дека највредното богатство што го имате е времето, но не смеете да го трошите залудно.
Секогаш користете го само за она што ве прави среќни.
4. Не споредувајте се
Не бидете горди и никогаш не мислете дека сте подобри од некого. Исто така, никогаш не завидувајте никому. Секој од нас има свој пат на оваа земја, па затоа не треба да правите споредби.
Секој ден одбирајте што сакате да бидете и запознајте се себеси.
Не дозволувајте никој да ви дава совети. Никој не знае подобро од вас што може да ви донесе мир и среќа, дури ни ако тоа е нешто што не одговара на стандардите.
5. Барајте мир
Може да донесете мир во светот само ако чувствувате мир во себе. Конфликтите што се изразуваат надвор од вас обично потекнуваат од вас.
Тоа можеби се раните што ги носите во вас и не можете да ги излекувате. Вежбајте јога, медитирајте, учете, подобрувајте се.
Не само што ќе почувствувате одлична внатрешна благосостојба, туку ќе можете и да ја ширите таму каде што живеете.
извор:кафепауза.мк