Ова дополнително може да ги затне артериите, што може да доведе до срцев и мозочен удар
Кога дома нема подготвена храна, обично првата алтернативна опција е ресторан за брза храна. Често излегуваме на хамбургери, гиро и слично со семејството, партнерот или пријателите. Ако ова се случува одвреме-навреме, тоа е прифатливо.
Сепак, честото консумирање на оваа храна треба да се избегнува во широк лак, особено затоа што често јадеме повеќе отколку што сакаме.
Помфрит, пржено сирење или прстени од кромид се меѓу придружните јадења кои дефинитивно треба да ги прескокнете бидејќи се подготвуваат во длабоко масло:
– Пржените компири, похованиот кашкавал или прстените кромид се сметаат за најлоши прилози. Таквата храна е длабоко пржена и е крајно нездрава бидејќи е полна со масти и сол. Ова дополнително може да ги затне артериите, што може да доведе до срцев и мозочен удар – предупредува кардиологот д-р Нитин Батнагар, додавајќи:
– Секој треба да знае дека честото јадење на ваква храна е штетно за здравјето на срцето и артериите и ве изложува на поголем ризик од срцеви заболувања. Сè што е претерано доведува до хемиски дисбаланс во телото. Затоа, имајте на ум дека во се треба да бидеме умерени.
Ова го потврдуваат резултатите од студијата објавена во „American Journal of Clinical Nutrition“ во која учествувале 4.500 возрасни лица. Откриено е дека луѓето кои јадат помфрит повеќе од два пати неделно имаат двојно поголем ризик од рана смрт.
Проблемот овде не е во храната, туку во начинот на подготовка – компирите се пржат во поголема количина масло за да бидат повкусни.
Извор: Курир.мк