Мирослав Пржуљ, попознат како Лепи Миќа, поради операција мора итно да го напушти реалното шоу „Задруга“. Имено, како што Милица Веселиновиќ му порача на своето момче Филип – Миќа ја напушта „Задруга“ поради здравствената состојба, но не откри каков проблем има Миќа.
– Миќа утре оди на операција – изјави Милица Веселиновиќ.
– Миќа? Дали се зафркавате? Кога ќе се врати – Се заинтригирал и Цар.
Вчера го прашав. Ми кажа дека лекарите му рекле дека во понеделник мора да оди на операција – нагласила Милица.
Пржуљ, да потсетиме, е еден од најпознатите членови на „Задруга“ и единствениот учесник кој беше во секоја сезона на ова реално шоу. Пред две години Миќа имаше хируршка интервенција . „Имав рутинска процедура, тоа вклучуваше отстранување на оток на главата, тоа е атером. Се чувствувам добро, веднаш по процедурата ми дозволија да си одам дома, се беше брзо завршено. Тоа ми правеше проблем на главата, затоа сакав да се ослободам“, изјавил Лепи Миќа, кој сега одмара во својот дом.
Фото: Принтскрин/Задруга/ТВ Пинк