Можеби сендвич со црева не ви влева доверба, но најдобро е да го пробате, па дури потоа да процените, секако доколку сте љубител на месо…
Ако сте го посетиле Истанбул, а не сте пробале кокореч (kokoreç), тогаш имате добра причина да се вратите и да ја исправите таа грешка.
Може да се каже дека оваа улична храна е народен лек за мамурлак бидејќи ретко што може да ги излекува ефектите од возбудливата ноќ подобро од зачинет овчи или јагнешки сендвич со црева.
Кокоречот датира од времето кога ништо од месото не се фрлало, а обичајот на намотување црева на ражен постои и ден-денес.
Некаде се служи и варијантата која е попопуларна во Грција, со внатрешни органи кои потоа се замотуваат во црева.
По печењето, месото ситно се сечка и се посипува со зачини како оригано и лутa пиперка, а потоа се сервира во пециво, понекогаш со додаток на сечкан зеленчук како домат и пиперка.
Ако сакате, можете да побарате и кришка лимон со која ќе му дадете освежувачка нота на сендвичот.
Кокоречот во Истанбул главно се јаде на улиците кога ќе падне мрак, но гурманскиот сендвич е познат и по разните места за скара во градот, кои најчесто се посетуваат по забавните ноќи.
извор:точка.ком.мк