Старлетата Наташа Шавија, како што тврди, била претепана од поранешниот учесник на реалното шоу „Задруга“, Стефан Кариќ, а до инцидентот наводно дошло поради љубомора.
Стефан и Шавија наводно веќе некое време биле во „слободна врска“, а конфликтот, според извор за српски Курир, настанал поради љубомора. Стефан наводно бил под дејство на алкохол, а збеснал кога видел дека Наташа се допишува со некого. Кога таа одбила да му каже кому праќа пораки, тој наводно и го грабнал телефонот од рака и го фрлил на подот.
Иако прославата не била прекината поради ваквата ситуација, старлетата бесно истрчала до делот од салата каде што се наоѓаат тоалетите, каде и дошло до физички напад, кој резултирал со нејзините тешки повреди, што самата Наташа јавно ги покажа.
Фото: Приватна архива/Инстаграм принтскрин/natasa.savija