Радио Милева естраден фудбал

Исплива видео кое ги воодушеви сите, а во кое главни ѕвезди се Лепа Брена и Зорица Брунцлик (фото)

Исплива видео кое ги воодушеви сите, а во кое главни ѕвезди се Лепа Брена и Зорица Брунцлик (фото)

Светското првенство во фудбал сега е главна тема, а видеото од личности и од естрадата ги воодушеви сите на социјалните мрежи. На Тикток се појави видео во кое српската естрадна репрезентација настапува на натпревар, а главни ѕвезди на овој спот се пејачките Лепа Брена и Зорица Брунцлик.

– Дрес број 78 го носи Зорица, а 40 Лепа Брена – рече водителката на програмата, а публиката ги поздрави со овации.

@zorica.brunclik.zoka 😂😂😂 #zoricabrunclik #pinkhair #lepabrena #fifaworldcup2022 ♬ Originalton – Zorica Brunclik

На тој хуманитарен натпревар блесна и пејачката Мира Шкориќ, која тогаш беше на врвот на популарноста.

Сигурно најпривлечниот момент беше кога Лепа Брена доби црвен картон откако го нападна судијата и го собори на земја.Во улогата на судија на тој познат меч имаше комичарот и актер Јова Радовановиќ, кој се потруди мечот да помине без нерегуларности.

Фото:Принтскрин/ТикТок

To top