Радио Милева ништо не е како што изгледа...

Исплива невидена фотографија до сега од венчавката со првиот сопруг на Сузана Манчиќ: Таа беше најпосакуваната лото девојка, тој еден од седуммината во најпопуларната музичка група (ФОТО)

Исплива невидена фотографија до сега од венчавката со првиот сопруг на Сузана Манчиќ: Таа беше најпосакуваната лото девојка, тој еден од седуммината во најпопуларната музичка група (ФОТО)

Некогашната ултрапопуларна пејачка и ТВ водителка Сузана Манчиќ денеска е во среќен брак со грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, а претходно беше во брак со Небојша Куниќ.

Популарната водителка своевремено изјави дека љубовта меѓу Небојша и неа се родила од големо пријателство, кога таа беше најпосакуваната лото девојка, а тој еден од седумте во најпопулрната музичка група во тоа време во Југославија, легендарните „Седуммина млади“. Сузана во 1989 година му го кажа  судбоносното „да“ на Небојша, а за нивната тогашна среќа сведочи и единствената фотографија од нивната свадба, позната во јавноста.

Сепак, приказната немаше среќен крај, како што сугерираше насмевката на сликата. Имено, по само осум години брак, Сузана и Небојша се разведоа, а единствена, но нераскинлива врска меѓу нив останаа ќерките Наталија и Теодора.

Имено, од голема љубов кон сопругот, Сузана била подготвена да ја запостави кариерата која тогаш беше во зенитот и да го следи својот сопруг кој започнал приватен бизнис ширум светот. Сепак, работите почнаа да одат во погрешна насока.

„Се омажив од голема љубов, но љубовта е расиплива стока, лесно исчезнува“ – изјавила во една прилика и открила дека првиот сопруг ја омаловажувал, велејќи дека никој не би ја земал доколку не се омажила за него. Потоа, како што вели, се борела со депресијата и водела голема битка за да ја врати сопствената самодоверба.

Фото: Инстаграм принтскрин/suzanamancicofficial

To top