Живот и Стил

Искористете додека ги има: Наједноставен рецепт за сладолед од праски

Искористете додека ги има: Наједноставен рецепт за сладолед од праски

Сте слушнале ли за наједноставниот рецепт за сладолед? Потребни ви се само три состојки за одличен вкус.

Искористете ги праските додека ги има оваа сезона.

Потребни состојки:

3 банани

3 праски

Пола шолја млеко (обично, кокосово, бадемово)

Бананите и праските исечете ги на парчиња и ставете ги да стојат во замрзнувач 30 мин – 3 часа (зависно од тоа колку време имате). Потоа сите состојки ставете ги во блендер и убаво миксирајте додека не добиете кремаста текстура. Ставете во фрижидер, а потоа можете да пробате по неколку часа.

To top