Летото конечно пристигна, а со тоа и високите дневни температури. Спасот го наоѓаме во разладени простории, но постојат и други начини на разладување – одвнатре…
Пијте нане како ладен чај со лимон, земете го во форма на додатоци на кој било пијалок или направете течен спреј за на телото што ќе ви даде моментално олеснување.
Розата може да ја користите во ароматерапија, розова вода или како миризлив чај. Розата обезбедува чувство на свежина.
Можете да користите лаванда во ароматерапија, за бањи или како мал додаток на ладен пијалок.
Камилицата како ладен чај со лимон може да не освежи и да ни ја врати силата. Исто така постои и масло од камилица кое можете да го користите за кожата бидејќи ублажува егзема, осип, артритис и болки во грбот.
Цветовите од хибискус се користат за чај, но можат да бидат и состојка на десерти, џемови или салати и со тоа да ни дадат дополнително чувство на свежина.
извор: Попара.мк