Живот и Стил

Исчистете ги белите дробови за три дена

Исчистете ги белите дробови за три дена

Доколку постојано имате тврда кашлица или пак други потешкотии во распираторниот систем што може бидат предизвикани од пушењето, временските прилики или нешто трето, применете го овој тридневен режим за чистење на белите дробови и дишете со полни гради.

Постапката треба да ја почнете два дена порано, кога треба да престанете да консумирате млечни производи. Тие побавно се разградуваат во организмот и го попречуваат процесот на детоксикација. Поради тоа, најпрво мора да се ослободите од токсините од млечните производи и дури тогаш да ја започнете „генералката“ на белите дробови.

За почеток треба да испиете една шолја чај со лаксативи (чај за прочистување). Така ќе се ослободите од токсините во цревата што вообичаено предизвикуваат „затвор“ на белите дробови.

Следното утро, пред појадок во 3 децилитри вода исцедете сок од два цели лимони. Тоа ќе помогне за брзо ослободување на оние соединенија што го подобруваат ослободувањето на градите.

За време на ужината испијте околу 3 децилитри сок од грејпфрут, а доколку не сте љубител на неговиот вкус, растворете го со минерална вода или пак заменете го со сок од ананас. Овие сокови содржат многу антиоксиданси што се добри за здравјето на дишните патишта.

Пред ручек би требало да испиете 3 децилитри сок од морков, додека во текот на ручекот треба да испиете околу 4 децилитри сок богат со калиум, важен елемент кој кога е во течна состојба е еден од најмоќните прочистувачи на крвта. Намирници богати со калиум се домати, банани, магдонос, целер, кајсии, дињи, спанаќ, портокал, краставици и тиквици.

Пред да одите на спиење задолжително испијте 4 децилитри сок до брусница или боровинки кои ги чуваат белите дробови од инфекции.

Во текот на тридневниот режим се препорачува секојдневна 20-минутна топла купка. Важно е да му овозможите на телото со потење да се ослободи од токсините колку што е можно повеќе.

Исто така, не заборавајте на прошетките, затоа што е познато дека со одењето се регулира здравјето на дишењето. Фокусирајте се на ритамот на вдишувња и издишувања и обидете се да дишете со полни гради.

Добар помошник во чистење на белите дрбовои е еукалиптусот кој може да го инхалирате- капнете 5 до 10 капки етерично масло од еукалиптус во топла вода и вдишете ја пареата со пешкир преку главата. Така ќе се ослободите од слузта која предизвикува кашлање и потешкотии при дишењето.

Доколку поради недостаток на време не можете да го примените тридневниот режим, обидете се барем една недела да конзумирате цедени сокови од некои од горенавадените намирници, повеќе пешачете и внимавајте како дишете.

Освен тоа, избегнувајте ги лошите навики, најмногу пушењето и консултирајте се со лекар.

To top