Македонскиот шоумен, актер и музичар Игор Џамбазов вчера го прослави својот 57-ми роденден.
Игор пред седмата деценија го живее животот со полни гради, барем онака како што замислил и зацртел дека е најдобро за него. Дојран, природата, езерото, мачката, се негово секојдневие, а од неодамна најде место и за жена во неговиот живот, а тоа е планинарката и ликовна уметница Илина која веќе на сите им е добро позната дека е девојката на Игор.
По повод роденденот уште една жена го изненади со специјална честитка, односно фотогрфија – ТВ водителката Ирена Спировска.
Ирена објави заедничка ретро фотограија од далечните 90-ти каде.
-Една ретро фотка по повод неговиот 57-ми роденден :од емисијата “ЛЕТЕН ЕЗЕРСКИ БРАН”(уредник Димитар Масевски,продукција МРТВ,локација хотел ДЕСАРЕТ-Охрид,1997 година. Да си ни жив и здрав,среќен и долговечен Игор Џамбазов. – напиша Ирена, а Игор веднап ја сподели истата и имаше коментар до Ирена,
-Со Ирена Спировска на крајот од минатиот век.Така некако и сме облечени. А тој што ни ги правел фризурите…и племето, и семето… Ирена сповторно се надоврза:
Jас фризурата се уште си ја имам,а и комплетчето што го носам тука уште си го чувам, дополни таа со „смајли емотикони“.
Сречен роденден!