Радио Милева за уште многу вакви денови

Ирена Спировска направи славење со сите салтанати за нејзиниот сакан и најголем убавец (фото)

Ирена Спировска направи славење со сите салтанати за нејзиниот сакан и најголем убавец (фото)

ТВ водителката Ирена Спировска и нејзината ќерка Зорица пред четири години во својот дом добија засилување и тоа не било какво.

Мајката и ќерката се решија да станат сопственички на куче од расата данска дога, кои се речиси едни од најголемите кучиња на светот.

Денес нивното малечко веќе е голем четиригодишен убавец, нивна голема љубов и чувар на домот и на своите сопственички.

А бидејќи има голема и важна улога во нивните животи, Ирена се реши да му направи роденден со сите салтанати – од торта специјална за него, свеќичка, балони и секако соодветенн стајлинг за славеникот – шарена марама во склад со се’ останато.

Така стокмен и задоволен од вниманието и третманот, убавецот на Ирена позираше за пред следбениците на социјалните мрежи.

Инаку, Ирена неколкупати досега изјавила дека е голем љубител на кучиња, а со тоа што за својот милентик направи денот на неговиот роденден да не помине онака, е само уште еден доказ дека љубовта за овој голем убавец е голема колку него, ако не и поголема.

фото:Инстаграм/Ирена Спировска

To top