Едната светска музичка ѕвезда, другата домашна ТВ ведета… Едната латино, другата македонска убавица. Едната популарна светска пејачка и актерка, другата позната македонска ТВ водителка. Едната латино дива, другата македонска дива со тетовско потекло… Обете во зрели години, отприлика на иста возраст, можеби латиноубавицата нешто повозрасна, обете убави – секоја на свој начин, реализирани, привлечни, пожелни секси дами… И споредбите помеѓу светски познатата Џенифер Лопез или само Џеј Ло, како што ја знаеме и нашата Ирена Спировска можат да одат така во недоглед, ако воопшто може да се споредуваме со светот, ќе речат некои… Епа изгледа дека можеме… Дури и со најголемите, најславните и најпопуларните.
И не само што можеме, туку според прикажаното излегува дека во некои работи сме и понапред од нив, чекор пред нив, или барем ако не повеќе на иста „бранова должина“ за некои работи. Дека е тоа така, покажа самата Ирена Спировска… Или поточно, покажуваат фактите. А пред фактите – молчат и боговите, па и оние естрадните од светскиот шоубизнис, најславните, најпознатите…!
Имено, вечерта „во очи“ на големиот христијански празник Божиќ, оној кој го слават верниците од католичката веросиповест, големата Џеј Ло објави фотографија на својот Инстаграм на која латината е променета во прекрасен, црвен, свечен долг фустан, искомбиниран со црвена тантела. Сликана како „урбана пепелашка“ која се враќа од бал, како се качува по надворешни скали брзајќи некаде, Џеј Ло изгледа бездруго, божествено. А такава е и пораката што ја оставила покрај фотографијата, во чест на рожеството Христово:
„Ова е ноќ пред Божиќ… Среќен Божиќ на сите“ – порача латино убавицата.
Ден потоа, македонската ТВ водителка Ирена Спировска покажа и докажа дека е иста како… Нееее… туку, Џеј Ло е како Ирена Спировска. Дали тоа и светот „краде“ од нас или латино ѕвездата само има ист вкус како македонската водителка? – е дилемата што Ирена ја постави на социјалните мрежи со својата објавена фотографија на која таа е променета во истиот фустан со иста боја како Џеј Ло?!
Само што македонската водителка фустанот го носеше на себе многу пред латино пејачката и актерка, уште пред еден месец, кога таа беше водителка на фестивалот Фолк фест „Роса 2020“.
„Џеј Ло позира во црвен фустан за Божиќ 2020 и јас во црвен фустан на Фолк Фест Роса 2020, пред еден месец. Бутик Стил – Струмица, пред времето сте“ – напиша Ирена на Фејсбук споделувајќи ги двете фотографии – нејзината и онаа на латино дивата една до друга за споредба!
Фото компарацијата ги зовре социјалните мрежи, а коментарите ги поплавија истите… Секако во полза на нашата водителка и нејзината модна креација… И оние кои и ја скроија на „македонската црвенкапа“!