Живот и Стил

Интересни факти за луѓето родени во ноември

Интересни факти за луѓето родени во ноември

Ноември е специфичен по многу работи, а месецот во кој сте родени открива многу и за вашиот карактер. Ако терминот за породување ви е ноември, еве што треба да знаете за децата родени во овој месец.

1. Многу се добри пријатели

Луѓето родени во ноември уживаат во искрени пријателства и знаат како да бидат најдобри пријатели.

2. Големи се шансите да бидат леваци

Момчињата родени во ноември имаат голема шанса да бидат леваци поради големата количина тестостерон. Според истражување во Австрија, децата родени меѓу ноември и јануари имаат голема веројатност да бидат леваци. Истражувањето е спроведено меѓу 13.000 луѓе од кои 7,5 проценти жени и 8,8 проценти мажи биле леваци. Кога научниците ги провериле датумите на раѓање, откриле дека повеќето се родени токму во тој период.

3. Веројатно ќе ги надживеат своите врсници

Според истражување на Универзитетот Чикаго, децата родени во овој период од годината имаат голема веројатност да доживеат стотка, за разлика од оние родени во останатите месеци.

„Колку долго ќе живеете, колку сте високи, колку сте добри во училиште, колкав е индексот на телесна маса, дали сте утрински или ноќен тип и шансите за развој на одредени болести се поврзуваат со времето во годината кога сте родени“, изјави невро-истажувачот Расел Фостер од Универзитетот Оксфорд.

4. Имаат помал ризик од некои болести

Родените во месец ноември подоцна во животот помалку заболуваат од мултипла склероза, срцеви заболувања и рак на бели дробови. Имаат најмали шанси за депресија, за разлика од пролетните бебиња кои имаат најголеми шанси.

5. Привлекуваат луѓе околу себе

Има нешто во нивната личност што ги привлекува луѓето, нивната природа е привлечна.

6. Во хороскоп се или Скорпија или Стрелец

Родените на почетокот на ноември се до 21 ноември се страсни Скорпии. Од 21 ноември почнува Стрелецот кој се карактеризира со великодушност и смисла за хумор. И двата знаци се симболи на силен карактер.

7. Судено им е да бидат спортисти

Како и на другите есенски знаци, и на овие им е судено да бидат спортисти. Иако гените играат голема улога, високото ниво на витамин Д на кое се изложени во текот на бременоста влијае на нивниот физички развој, оние родени во октомври и ноември се многу брзи и физички се во подобра кондиција.

извор: кајгана

To top