Живот и Стил

Интелегентните жени имаат една ужасна навика

Интелегентните жени имаат една ужасна навика

За прв пат во последните сто години, жените имаат подобро резултати не тестовите на интелигенција, тврди Џејмс Флин, светски авторитет во подрачјето на овие тестирања.

Тој ги прегледал тестовите за интелигенција во земјите од западна Европа, САД, Канада, Нов Зеланд, Аргентина и Естонија, па открил дека интелигенцијата значително пораснала, а посебно кај жените. Досега секогаш коофициентот на интелигенција секогаш бил подобар кај мажите, во просек за пет бодови, но денес тоа веќе не е случај.

-Тоа е последица на модерниот живот, затоа што сложеноста на денешниот свет бара нашиот мозок да се прилагоди, поради што коофициентот на интелигенција расте, вели Флин.

Тестовите за интелигенција ширум западна Европа, Канада, САД и во другите развиени земји открива пораст на интелигенција кај луѓето, но онаа кај жените расте побрзо отколку онаа кај мажите поради мултитаскингот.

Научниците од Универзитетот во Рочестер откриле во истражување кое се занимавало со проучување на однесувањето, дека постои една работа која интелигентните жени посебно ја прават. А таа работа баш и не е одраз на убаво воспитување.

Имено, тие тврдат дека нападот на бес кај нив е испратен со сочни пцовки, што е и знак за натпросечна интелигенција кај жените.

Истражувањата покажуваат дека интелигентните жени почесто пцујат и говорат прости зборови, од оние кои имаат помал коофициент на интелигенција, а твдрат и дека пцуењето е добро и за физичката форма и подобрувањето на издржливоста.

Дали се сложувате со ваквите тврдења?

To top